Семејството на Шабан Шаулиќ ќе го тужи Турчинот, Алсин Левант кој што ја предизвика сообраќајката, а во која на 17 февруари загина кралот на народната музика.
Намерата на семејството е, предизвикувачот на сообраќајната незгода кој што управувал во алкохолизирана состојба, со украден автомобил и без возачка дозвола да добие што поголема казна.
Тие можат да добијат повеќе од 300.000 евра колку што би пејачот заработил во 2019 година од закажаните настапи.
-Иако германската полиција и обвинителство по службена должност ќе го гонат Левант, семејството на Шаулиќ нема да седи со скрстени раце. Моментално се распрашуваат каква казна може да добие Турчинот, точно колку години ќе помине во затвор, открива близок извор до семејството.
Сопругата на Шаулиќ наводно се распрашувала колкава оштета може да наплати од Алсин. Иако парите нема да и ја заменат загубата на сопругот, таа има план во што да ги инвестира истите средства.
-Со оглед на фактот што семејството одлучи куќата во Шапац да ја претвори во музеј, парите ќе ги вложат во тоа како да ги зачуваат убавите спомени од пејачот.
Инаку, обдукцијата потврди дека Шабан почина како последица од сударот, како и неговиот колега Мирсад Кериќ.