Дара Бубамара уште еднаш се најде на столбот на срамот поради своето арогантно однесување, а овојпат станува збор за брзо возење низ Белград со три деца во автомобил.
Пејачката се тркаше во скап автомобил додека едно дете седеше напред и две одзади.
Секако, Дара го сними сето тоа и се пофали на Инстаграм, а на видеото можете да ја видите како вози со брзина од 155 километри на час.