сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругата на Дворник објави љубовна порака од покојниот музичар (ФОТО)

Сопругата на Дворник објави љубовна порака од покојниот музичар (ФОТО)

Даниела Дворник (52) на својот Инстаграм профил ја објавила љубовната порака која ѝ ја оставил нејзиниот сопруг, покојниот музичар Дино Дворник.

На пораката која е напишана на лист хартија пишува „Отидов во Госпич. Те сака Дино“.

-Тогаш немаше мобилни телефони, но имаше пораки напишани со раце. Ги пишуваше секаде, на позадина на фотографии, на сметки, изгужвани листови, договори. А немаше само кратки пораки, имаше и песни, особено после расправии. Кога дојдоа мобилните телефони и СМС пораките, ме “убиваше“ со пораки,  напишала Даниела Дворник.

Еве како изгледала љубовната порака на Дино Дворник посветена на Даниела Дворник.

Најнови вести