понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругата на голманот на Хрватска со дресот искомбинирала обетки од луксузен бренд – еве каде можете да ги најдете

Сопругата на голманот на Хрватска со дресот искомбинирала обетки од луксузен бренд – еве каде можете да ги најдете

Четвртфиналето на Светското првенство во Катар го отвори победата на Хрватска против Бразил, а една од главните ѕвезди беше хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ.

На трибините била неговата најголем поддршка, неговата сопруга Хелена, која со своето издание веднаш го привлекла вниманието на медиумите.

Хелена му е најголема поддршка на својот сопруг, фудбалерот Доминик Ливаковиќ, кој вечерва уште еднаш покажа неверојатни способности бранејќи ја мрежата на својата татковина во Доха.

Сепак, додека сите погледи беа вперени во Доминик, кој имаше тешка задача пред него, ниту Хелена не останала незабележана. Таа го привлекла вниманието на медиумите додека го следела натпреварот облечена во светло зелениот дрес на нејзиниот сопруг, со број еден. Косата ја ставила зад уво, откривајќи пристојно парче накит од луксузниот бренд APM Monaco.

Станува збор за златни обетки со привезок во форма на плишано мече.

Украсени со циркони и обложени со 18-каратно злато, како што е наведено на официјалната веб-страница на брендот, цената на обетките е 220 евра.

Сепак, таму можете да го најдете истиот модел во различни бои, како и мини-издание чија цена е 118 евра.

Хелена, која претходно ја нарекуваа и хрватската Меган Маркл, е една од најубавите и најприродни партнерки на хрватските фудбалери, па не е чудно што за себе го избира само најдоброто.

Доминик претходно откри дека тие веднаш „кликнале“, но дека пред љубовта првенствено се родило пријателство. Тие се венчале во јуни во Задар, а на свеченоста се појавиле голем број познати личности од Хрватска.

Најнови вести