понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругата на Сашко Коцев како Линда Евангелиста во спотот на Сашо Спасовски за „Животе сладок си“

Сопругата на Сашко Коцев како Линда Евангелиста во спотот на Сашо Спасовски за „Животе сладок си“

Сигурно се сеќавате на македонскиот поп-пејач Сашо Спасовски и неговата „Животе сладок си“ од далечната 2001 година.

Можеби помладите генерации тешко ќе се сетат на ова време кога македонската музика се продуцираше и слушаше многу повеќе, а задолжително се снимаа и видео спотови.

На тоа убаво време се присети и сопругата на нашиот познат актер Сашко Коцев, Смилјана, која тогаш очигледно имала желба да се појавува пред камери, па освен сопругот и таа да може да се пофали со своја улога – на спот.

Имено, убавата Смилјана се појавува меѓу една од девојките во спотот на Сашо.

Откако ја промени профилната фотографија на Фејсбук со таква од од спотот на „Животе сладок си“, повеќето пријатели и следбеници и поласкаа дека изгледа како светскиот модел Линда Евангелиста, други се присетија на тоа време, а пак трети се пошегуваа дека и тогаш за неа важело тоа „од кал да е, Сашо да е!“

Вистина.мк

Најнови вести