понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СОСЕДИТЕ ПИШУВАА ДЕКА ЗАРАДИ НЕА ЈА РАСКИНАЛ ВЕРИДБАТА: Северина и српскиот продуцент се повеќе се заедно

СОСЕДИТЕ ПИШУВАА ДЕКА ЗАРАДИ НЕА ЈА РАСКИНАЛ ВЕРИДБАТА: Северина и српскиот продуцент се повеќе се заедно

Северина и нејзиниот пријател и соработник, српскиот продуцент Филип Милетиќ се повеќе се заедно во јавноста. Пејачката неодамна му го честиташе роденденот.

‘Среќен роденден. Те сакаме Филип“, пишува на тортата што ја држи Севе додека до неа стои славеникот Филип и со рацете покажува срце.

Ова не е прв пат дуото да се најде на заедничките фотографии. Пред тоа беа на презентација на книгата на Димитриј Поповиќ во КБЦ Дубрава. Кон крајот на август позираа во костими за капење за нејзината социјална мрежа.

„Мојот продуцент е подобар од твојот, хитовите не лажат“, напиша тогаш Сплитјанката.

Кога пред неколку месеци на Северина ѝ упаднаа во станот и ја ограбија, по разговорот со полицијата, освен пејачот и менаџер Томица Петровиќ и Милетиќ излезе од нејзиниот стан во Загреб, пишува 24sata.

Тие двајца почнаа да соработуваат пред десетина години, а тогаш српските медиуми пишуваа дека Милетиќ ја раскинал веридбата поради Сева. Сепак, овие гласини никогаш не се потврдени.

Но, едно е сигурно – пејачката и продуцентот се повеќе време поминуваат заедно по нејзиниот развод со Игор Којиќ. Дали има нешто повеќе од само пријателство и деловна соработка засега останува мистерија.

Најнови вести