сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СРЕД РАЗВОД НОВО МОМЧЕ?! Ким Кардашијан не го троши времето, на ред е 12 години постариот репортер од Си-Ен-Ен (ФОТО)

СРЕД РАЗВОД НОВО МОМЧЕ?! Ким Кардашијан не го троши времето, на ред е 12 години постариот репортер од Си-Ен-Ен (ФОТО)

Се шират гласини дека американската ријалити sвезда Ким Кардашијан (40) се забавува со репортерот на „Си-Ен-Ен“, Ван Џонс (52) среде развод со раперот Кание Вест (43).

– Дали Ким Кардашијан веќе го преболе Кание Вест? – прашуваат фановите ширум светот.

Гласините за нова врска започнаа викендов кога Синди Адамс, колумнист за Њујорк Пост, откри дека слушнала приказни за нивната наводна романса.

– Ако Ким се омажи за Ван, нема да можам повеќе да се справам со ова нешто што се нарекува живот, тоа би било премногу за мене хаха – рече еден обожавател.

Некои корисници на Твитер ја обвинија Ким дека го користи Џонс за да и помогне во идната правна кариера. Во 2018 година, Ким и Ван ги здружија силите за успешно спасување на Алис Џонсон од затвор, кој беше помилуван од поранешниот претседател Трамп.

Инаку, Ван е сингл веќе некое време откако се разведе од својата долгогодишна сопруга Џејн Картер во 2019 година. Ким поднесе барање за развод од Кание Вест во февруари годинава, по 6 години брак и четири деца заедно.

Најнови вести