петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српската естрада во паника по апсењето на Раста: Раперот ги снабдувал колегите со дрога

Српската естрада во паника по апсењето на Раста: Раперот ги снабдувал колегите со дрога

Раперот Срефан Ѓурик Раста, кој во петокот беше уапсен поради поседување на марихуана, ги снабдувал своите колеги од естрадата со дрога, пишува српски Информер.

Во станот на музичарот полицијата пронашла еден килограм марихуана. Поради ова, како што јавуваат српските медиуми, на Раста му се заканува затворска казна од три до 12 години.

-Раста одлучи својата страст кон марихуаната да ја претвори во бизнис. Тој многу заработува од музиката и песните кои ги прави за други изведувачи, но од пари никогаш доста. Затоа почна да ги снабдува со марихуана и своите колеги. Сметаше дека никој нема да се посомнева во него бидејќи се занимава со јавна работа. Намерно на Инстаграм објавуваше слики со џоинт за ако го уапсат да каже дека марихуаната е за негова лична употреба. На таа финта се извади минатата година кога кај него беа пронајдени неколку пакетчиња „трева“. Тогаш плати само парична казна од 120.000 динари. И сега тврди дека марихуаната е за него, но овој пат тоа изгледа нема да му помогна, вели за Информер добро информиран извор.

Изворот додал и дека целата естрада сега е во паника бидејќи се плашат дека Раста може да каже кој се купувал од него.

-Не верувам дека Раста ќе ги каже, но на голем број пејачи џоинтот им е како цигара, додал изворот на Информер.

Најнови вести