петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српската пејачка имаше два спонтана абортуса, а оваа пејачка многу и помогнала: Да не беше таа денеска немаше да имам ќерка! (ФОТО)

Српската пејачка имаше два спонтана абортуса, а оваа пејачка многу и помогнала: Да не беше таа денеска немаше да имам ќерка! (ФОТО)

Српската пејачка Слаѓа Алегро со години се обидуваше да стане мајка, а после двата спонтани абортуси пејачката започна да ја губи надежта, а потоа нејзината колешка Сека Алексиќ и помогнала да си ја оствари најголемата желба.

-Сека ми се најде кога ми беше најтешко. Ме однесе во една клиника која нејзе и има помогнато да се оствари како мајка. Доста ми помогна со своите совети, како и на сите други начини. Да не ја послушав веројатно не би имала денес ќерка, вели пејачката.

Таа додава дека таа можела да забремени, но проблемот бил што не можела да го доноси плодот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sladja Allegro (@sladja.allegro)

Вели и дека нема проблем да говори јавно за оваа тема бидејќи се работи за борба за потомство.

-никогаш не сум криела дека сум имала проблем со спонтаните абортуси. Напротив сакав да говорам за тоа за да помогнам на други луѓе. Понекогаш и часови поминувам со жените кои се борат со тоа за да им објаснам низ што се поминав, вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sladja Allegro (@sladja.allegro)

Најнови вести