Доделувањето на Оскарите ќе остане запаметено по настапот на Лејди Гага и Бредли Купер, со преполно емоции и страсти и тоа пред сопругата на актерот, Ирина Шајк.
Светот полуде со шпекулации дека помеѓу нив се родила љубов, а откако Гага брзо после тоа ја раскина и веридбата со Кристијан Карин, нема некој кој не се посомнева дека има нешто повеќе од пријателство.
Сепак, светските медиуми ја пренесоа веста дека Гага е во врска со Џереми Ренер, па никому не му е јасно дали тоа со Бредли беше глума, или сега Гага глуми за да не си го извалка името, со оглед на тоа што Купер е венчан маж.
Како што пренесуваат светските медиуми, Гага и Џереми сè повеќе време поминуваат заедно, а често со нив може да се види и неговата 6-годишна ќерка Ава.
Исто така, тие пренесуваат дека Гага сè уште не им изнела детали на своите пријатели, туку на сите им рекла дека тие се многу добри пријатели.