петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Строги правила и ригорозен претрес: Еве што е забрането на концертите на Александра Пријовиќ

Строги правила и ригорозен претрес: Еве што е забрането на концертите на Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ на крајот на месецот ќе одржи три концерти во сараевската сала Зетра, а како што е најавено, на влезот ќе се изврши детален и ригорозен претрес на секој поединец.

Влезниците за првиот и вториот настап на 28 и 29 октомври се веќе распродадени, а по повод концертот организаторите најавија неколку насоки за публиката.

Од агенцијата нагласија дека при влез секое лице детално ќе биде прегледано од ангажирани обезбедувачи, по што билетот ќе се снима со помош на скенер.

Ќе се евидентираат само оригинални и неоштетени билети купени на официјални продажни места.

Организаторите подвлекоа дека е строго забрането фалсификување, копирање или препродавање билети, а со еден билет може да се влезе само еднаш во салата.

Исто така, строго е забрането внесување храна, пијалоци, оружје, какви било опијати, како и други опасни материи и опасни предмети.

Меѓу другото, организаторите напоменаа дека при детален увид ќе бидат одземени сите недозволени предмети.

Од Агенцијата додаваат дека во таа зона можат да бидат само лица кои имаат билет за одредена зона.

Преместувањето од една во друга зона е строго забрането, а доколку се забележи дека некој не го почитува ова правило, ќе биде исфрлен од салата.

Најнови вести