петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Судот одлучи: Еве колкава казна доби српскиот пејач Дарко Лазиќ

Судот одлучи: Еве колкава казна доби српскиот пејач Дарко Лазиќ
Foto: Antonio Ahel/ATAImages

Популарниот српски пејач Дарко Лазиќ е осуден на парична казна од 190 илијади динари и 10 месеци забрана за управување со возило од Б категорија за два сообраќајни прекршоци што ги направил во месец август годинава.

Според неофицијални информации од медиумите, полицијата и пејачот не поднеле жалба на оваа пресуда, па таа станала правосилна.

Да потсетиме, Лазиќ на 23 август предизвика сообраќајна несреќа на автопатот во Белград, кога одзади налета на комбе со БМВ-то што го управуваше.

Како што тогаш пишуваше Информер, во текот на истрагата на полицајците им покажал возачка дозвола издадена во Чешка бидејќи претходно му била одземена српската.

Инаку, на Лазиќ му е одземена возачката дозвола поради големиот број казнени бодови, а му е забрането да вози до февруари 2024 година

Најнови вести