Луѓето или ве сакаат или не ве сакаат.
Кога сте јавна личност или имате публика или немате. Познатите или имаат фанови кои ја подржуваат нивната работа или имаат „хејтери“ кои го хејтат она што го работат.
Македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години.
Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.
Колку е Сузе сакана потврдува и тоа што неодамна доби еден мал подарок кој многу значи и го разнжени на македонската пејачка.
Имено, Гавазова доби писмо од нејзина обожавателка која истакна дека многу ја сака и дека ги обожава нејзините песни.
Овој гест, фолк пејачката го сподели на социјлните мрежи истакнувајќи дека ова за неа е награда, а јавно и се заблагодари на својот фан.