На фолк пејачката Сузана Гавазова како никогаш да не и недостасува позитивна енергија.
Овој вепечаток го добиваат нејзините следбеници кои ја следат на Инстаграм. Сузе неодамна ја издаде песната „Апсолутно мој“ и спот за иста, а и кога не е на сцена, таа и во домашен амбиент прави да и е весело на ниво.
Иако поради пандемијата Гавазова како и целата музичка естрада, нема настапи, тоа за неа не значи дека не треба да пее и да игра, само сега без заработка.
Ама кога желбата и меркот се големи, тогаш парите и не се така важни.
Го живееме времето кога речиси сите се поактивни на социјалните мрежи од кога било, а меѓу многуте е и Сузе постојано ги чести своите следбеници со секси танц од својот дом.
За да биде уште поатрактивна и провокативна, Гавазова се „стегна“ во кусо и тесно спортско фустанче кое ја истакна нејзината витка линија и облините.
„Мешање“ со колкови, „тверкање“, на Сузе веќе и стана пракса во да направи еден ваков секси танц за „плакнње очи“, и позитивна енегрија.
Но, „мешањето“ не завршува само пред мобилниот, туку продолжува во кујната каде вредната домаќинка го меша ручекот во тенџерето.
Веројатно апетитие на Сузе не се задоволуваат со малку, па заскука ракави и направи гибаница за своите сакани.
Уникатна домаќинка, нема што!