Теодора Куниќ, постарата ќерка на Сузана Манчиќ, во 2017-та година тајно се омажи за 20 години постариот од неа австриски бизнисмен Франц, но среќата не траеше долго.
Подоцна следуваше развод, а Сузана сега сосема случајно во разговор со новинарите се изјасни за пропаѓањето на бракот на нејзината ќерка.
-Одамна се омажи… И се разведе! Брзо оди тоа кај нас! Но, да не зборуваме за неа, таа се лути кога зборуваме за неа, рече Сузана, а на прашањето дали и е доста од јавниот живот, таа рече:
-Понекогаш се чувствувам сито, но тогаш помалата ќерка ми вели: „Мамо, биди среќна што те викаат сите овие години“. Уживам во медиумите, јавноста и мојата работа, која никогаш не завршува. Очигледно ништо од таа пензија, ни годинава.