сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Светот подзина од причината за „бегство“ на Шакира – фудбалерот не ја изневерил пејачката, туку таа имала друг план кој засега не и успева

Светот подзина од причината за „бегство“ на Шакира – фудбалерот не ја изневерил пејачката, туку таа имала друг план кој засега не и успева

Љубовната приказна на Шакира и Пике доби нов контекст, откако се појави информацијата дека фудбалерот наводно не ја изневерил пејачката.
Шпанскиот новинар Хозе Антонио Авилес во емисијата „Вива ла Вида“ изјавил дека е сигурен дека спорното неверство не се случило. Тој вели дека нивната врска била од „отворен“ тип, но фудбалерот на Барселона не ја злоупотребил.

– Некој многу, многу близок со Пике ме увери дека немало неверство од негова страна – изјавил новинарот.

– Беше многу изненаден од раскинувањето и изјавата што Шакира ја испрати. Таа заедничка објава на социјалните мрежи не беше заедничка, туку нејзина. На крајот на краиштата, суштината е дека нивниот договор бил „ти правиш што сакаш, а јас ќе правам што сакам јас“, само за да се претстават на јавноста како пар. Затоа се’ што се случи подоцна е многу сомнително.

Сенка на целиот случај фрли и приказната за големиот долг на пејачката кон државата, па раскинувањето со Пике и преселбата од Каталонија сега би биле добредојдени. Имено, шпанските обвинители тврдат дека поп ѕвездата затаила данок од 14,5 милиони евра. Шакира наводно не платила данок на доход во периодот од 2012. до 2014. година. Во обвинението се наведува дека поп иконата прикрила приходи преку 14 различни компании во т.н. даночен рај, а обвинителите го поднесол обвинението во декември пред две години во време кога таа само што започнала да живее во Каталонија. Сепак, нејзиниот претставник за медиуми скокна во заштита на Колумбијката, велејќи дека пејачката живеела во Шпанија до 2015. година, но дека ги подмирила и сите даночни обврски. Тој додал дека Шакира во спорниот период поминала подолг период во странство поради концертите одржани во странство, па во Каталонија останала само 186. дена.

Шпанскиот закон секако предвидува дека поединецот кој поминал повеќе од половина година во Шпанија е должен да плаќа данок, па обвинителите продолжуваат да ги истражуваат нејзините движења и приходи. Под истрага е и Пике и’ покрај тоа што некое време не се под ист покрив.

Најнови вести