Арон Картер (34), популарниот рапер и актер е пронајден мртов во својот дом во Калифорнија.
Телото на Арон, кој е брат на Ник Картер пејачот од групата Бекстрит Бојс, било пронајдено во када во 11 часот. На местото на настанот се испратени детективи, но детали за смртта се уште не се познати.
Арон се стекна со слава како поп пејач во доцните 1990-ти, кога објави четири студиски албуми. Првиот албум го издаде во 1997 година кога имаше само 9 години.
Откако неговиот деби албум продаде над милион копии, вториот албум на Арон, „Aaron’s Party“, тројно го зголеми тој број и по тој огромен успех, тој стана редовен на „Nickelodeon“.
Како што јавуваат светските медиуми, Арон со години имал проблеми поради употреба на наркотици, неколку пати одел на рехабилитација.