Свршеницата на Дарко Лазиќ, Марина го отвори „Wedding Weekend“ и се појави во венчаница.
Имено на првиот ден од ревијата многу познати прошетаа по пистата облечени во венчаници во различни стилови.
Марина се најде во улога на невеста, а призна дека за прв пат облекува венчаница, но дека многу пријатно се чувствува во неа.
Таа изјавила дека Дарко бил воодушевен од нејзиниот изглед, па и испратил порака дека едвај чека да ја види во венчаница на нивната свадба.