сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Свршеницата на Дарко Лазиќ наскоро се вработува- пејачот откри со што ќе се занимаваа таа, а фановите и порачаа само едно

Свршеницата на Дарко Лазиќ наскоро се вработува- пејачот откри со што ќе се занимаваа таа, а фановите и порачаа само едно

Српскиот пејач Дарко Лазиќ за српските медиуми откри детали за време од изолацијата со своето семејство, но и новости околу неговата свршеница.

Имено тој за српските медиуми прво откри дека во изминатиот период ослабел дури 40 килограми, а потоа се осврна на изолацијата која ја поминува заедно со својата свршеница и синот.

„Го средуваме домот, најмногу со тоа се занимаваме во последно време. Најголема окупација ни е детето. Искрено добро ни дојде оваа изолација за да се зближиме повеќе. Затоа кажувам: Луѓе останете дома. Пред ова да се нормализира, па да можеме да се дружиме на концерти и да пееме заедно“, вели пејачот.

Тој покрај тоа што додава дека ја откажале свадбата која требало да се одржи во мај откри дека Марина наскоро започнува со работа.

-Во моментов е невработена, но наскоро ќе започне семеен бизнис, вели пејачот.

По ова фановите веднаш започнаа со честитки кон неговата свршеница и на неа и порачаа дека се додека пејачот и е поддршка таа ќе успее во животот.

Најнови вести