Со нетрпение го очекуваме вечерашниот дуел на Светското првенство во Катар кое завршува оваа недела.
Досега се видени многу големи и шокантни моменти, но деновиве, логично, најмногу се зборува за подвизите на Мароко и Хрватска, кои ретко кој ги виде меѓу четирите најдобри селекции на Мундијалот, особено по нивниот прилично неинтересен дуел на старт на натпреварувањето во групата Ф (0:0).
Хрватската фудбалска репрезентација доби пофалби кога ја елиминираше Јапонија на пенали во осминафиналето, но кога истото го направи и против првиот фаворит на турнирот, моќниот Бразил, ги воодушеви сите кои заборавија дека „Ватрените“ пристигнаа во Катар како светски вицешампиони. И сега се на чекор од новото финале на СП.
Момчето кое деновиве е топ тема во светот, неодамна се заколна на вечна љубов на својата долгогодишна девојка и добро познато лице на социјалните мрежи.
Голманот на Динамо Загреб доби честитки и воодушевувања од целиот свет, а меѓу оние кои им даваат најголема поддршка деновиве е неговата животна сопатничка Хелена Ливаковиќ која го бодри од трибините и во Катар.
View this post on Instagram
Парот, инаку, судбоносното „ДА“ го кажа годинава кога во јуни се венчаа во соборниот храм „Света Стошија“ во Задар.
View this post on Instagram
Тоа е круна на нивната љубов, која трае веќе пет години, а семејството Ливаковиќ потоа организирале романтична прослава во луксузен хотел, каде за расположението на гостите биле заслужни пејачите Петар Грашо и Саша Матиќ.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Хелена Ливаковиќ не го задржала моминското презиме на Инстаграм и сега таа наместо Хелена Матиќ, е Ливаковиќ, а во соседството е позната и како „Хрватката Меган Маркл“ поради сличноста со војвотката од Сасекс, а со уметничко лизгање се занимава уште од детството.
Таа блескаше „на мразот“ цели 20 години, а кариерата и заврши во 2017 година бидејќи, како што вели, „веќе не се гледала себеси во тоа“. Дипломирала индустриски дизајн на Текстилно-технолошкиот факултет во Загреб.
View this post on Instagram
Како што еднаш истакна, одлично се сложува со својот избраник и го цени за неговата скромност.
– Дефинитивно сум импресионирана од скромноста и понизноста на Доминик. Тој е голем самокритичар, што понекогаш ме нервира, но повторно го разбирам. Можеме да кажеме дека и двајцата сме воспитани во тимски спортови, поради што нема себичност и одлично работиме како тим – истакна еднаш Хелена за хрватските медиуми.
View this post on Instagram