вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Таа го испеа изворот на љубовта, а тој го наслика: Вака сопругот на Каролина го коментира делото од ликот на својата сакана (ФОТО)

Таа го испеа изворот на љубовта, а тој го наслика: Вака сопругот на Каролина го коментира делото од ликот на својата сакана (ФОТО)

Вчеравечер во Македонската опера и балет се одржа четвртиот од седумте концерти на промотивниот музички маратон за албумот „Извор“ на Каролина Гочева.

Оние кои си обезбедија карти и непосредно уживаа во емотивната музика, имаа што да споделат и да го опишат своето доживување од концертот, да ја испофалат Каролина како и новите песни кои како по традиција уште за време на промоцијата инстантно стануваат фаворити.

Но, пофалбите и комплиментите не стивнуваат само за одличната вокална изведба на Каролина, музичарите на сцена, авторите на музиката и текст… туку и за нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин чија слика доминира на сцената.

Токму за неа и тој имаше да го сподели со јавноста своето гледиште, својот извор на љубовта и чувствата, неговата Каролина за која напиша:

-Работа за албумскиот кавер за оваа убава и талентирана жена, која исто така ми стана моја љубов, напиша Михаил.

Извор: Вистина

Најнови вести