сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Таа се промовира преку мојата болест”: Раперот завојува и со Аријана Гранде

„Таа се промовира преку мојата болест”: Раперот завојува и со Аријана Гранде

Канје Вест, после Дрејк, завојува и со пејачката Аријана Гранде. Раперот одлучи јавно да се пресмета со младата колешка.

Сопругот на Ким Кардашијан ја прозва Аријана поради нејзиниот коментар од кој тој се навредил. Имено, таа ја искоментирала војната помеѓу Дрејк и Канје која започнала на Твитер, па го најави својот нов дует, што американскиот рапер и продуцент го сфатил како провокација.

-Возрасни луѓе моментално се расправаат и сите очи се вперени во нив, а Мајли и јас вечерва ја објавуваме новата песна, која е супер. Момци, доколку можете на неколку часа убаво да се однесувате, па и ние девојките да заблескаме вечерва, изјави Аријана на Твитер.

На раперот тоа не му се допадна, па ја обвини Аријана дека преку неговата болест сака да се промовира.

“Знам дека Аријана само се шегува, но ниту најмалото исмевање со моето психичко здравје не ми е забавно. Ја промовира својата музика преку мојата болест и расправија, а тоа не е убаво”, возвратил Канје.

Инаку, тој е познат како некој кој сака да прави работи под будното око на јавноста, па така повеќе пати зборуваше пред медиумите за неговото психичко здравје. Исто така, во неколку наврати споменувал дека неговите фанови и забавната индустрија не ги разбираат проблемите со кои се бори.

Најнови вести