Пејачот Жељко Самарџиќ во осумдесетите години преживеал вистинска семејна драма. Неговиот син починал уште како бебе, неколку месеци по раѓањето.
Меѓутоа пејачот никогаш не сакал да зборува за тоа, а сега открива поради што има таков став.
-Секоја рана се залекува, но таа никогаш. Би било безврска да копам по таа рана, не сакам да зборува за тоа – рекол Жељко.
Тој претходно има изјавено дека неговото второ дете било син кој починал какао бебе.
-После него остана голема празнина и тага. Разберете ме, не сакам да зборувам за тоа – открил Самарџиќ.
После трагедијата тој сакал уште еден син, но Господ му ми испратил двете ќерки Даниела и Миња, кои бескрајно ги сака.