Актерката Тања Робертс почина во понеделникот вечерта – еден ден откако нејзиниот сопруг и публицист поради недоразбирање предвреме ја објавија нејзината смрт.
Девојката на Бонд мирно починала во болницата „Cedars – Sinai“ во Лос Анџелес, каде беше хоспитализирана 24 декември, откако отишла да ги прошета кучињата и по враќањето дома паднала во несвест.
Нејзиниот претставник за медиумите рекол дека на таа отишла да ги прошета кучињата. По враќањето дома паднала во несвест. Ја однеле во болница, но не ѝ било подобро. Тие информации ги пренесе нејзиниот долгогодишен партнер Ленс О`Брајан за „Пост“ во вторникот.
Партнерот на актерката изјави дека претходно се согласил да ги исклучат апаратите затоа што лекарите му рекле дека тоа е „сочувствително“ – со оглед на тоа дека бубрезите, црниот дроб и жолчното кесе веќе не биле во функција, дека таа имала смртоносна инфекција на крвта што се ширела низ нејзиното тело.
„Тие ми рекоа дека сите нејзини телесни функции, нејзините органи се распаднати и таа никогаш повеќе нема да биде истата, дека ќе биде врзана за кревет до крајот на својот живот“, изјави О`Брајан.
Сестрата на Робертс, Барбара Лири, изјави дека е „во целосен шок“ поради смртта на најзината сестра.
„Нека нејзината убава душа почива во мир… Јас сум ужасно, ужасно тажна“, изјави Лири.
Конфузијата се вртеше околу последните моменти од животот на Робертс, откако нејзиниот публицист, Мајк Пингел, предвреме ја објави нејзината смрт во неделата. Ова веројатно произлезе од очигледно недоразбирање помеѓу О`Брајан и Пингел…
О`Брајан во вторникот изјави дека не знаел како се случило недоразбирањето и дека сите биле длабоко вознемирени во тие моменти.
Пингел ја повлече веста за смртта на Робертс во понеделникот, велејќи дека таа сè уште е жива, но дека е во многу тешка состојба, но ден потоа, таа засекогаш ја изгубила битката…
Извор: Слободенпечат