четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тања Савиќ по две години повторно слави Велигден со синовите

Тања Савиќ по две години повторно слави Велигден со синовите

За пејачката Тања Савиќ ова е посебен Велигден бидејќи за прв пат ќе го помине со синовите Максим и Ѓорѓе во Србија.

Претходно празниците се славеа во Австралија, а последните два беа разделени затоа што сопругот на пејачката ги однесе децата со себе во земјата на кенгурите додека таа беше во својата татковина.

-Многу го сакам Велигден, а како дете го обожавав. Сè уште имам убави спомени од фарбањето јајца со мајка ми. Сега јас и сестра ми заедно со децата бојадисуваме јајца. Овој христијански празник сакав да го прославам со моите деца бидејќи не бев со нив последните две години. Ова сигурно ќе биде еден од најубавите и најважните празници во мојот живот, токму затоа што ќе бидам со нив, искрена е Савиќ која вели дека почнува да ги учи децата на обичаите.

-Се трудиме што повеќе да ги запознаеме со нашите обичаи. Заедно фарбаме јајца што ќе биде ново искуство за нас.

– Среќен Велигден! Бидете живи и здрави! – напиша пејачката покрај фотографијата.

– Се зажелев овој христијански празник да го прославам со моите деца бидејќи не бев со нив последните две години. Ова сигурно ќе биде еден од најубавите и најубавите празници во мојот живот, токму затоа што ќе бидам со нив – изјави Тања за српски Блиц.

Најнови вести