Актерката Лиза Бејнс, ѕвездата на филмот „Gone Girl“, почина како последица на сообраќајна несреќа што ја доживеа на почетокот на јуни. Имено, ја удрил скутер, а возачот побегнал.
Од тогаш Бејнс се наоѓа во критична состојба, но за жал не се опоравила од повредите и починала во понеделникот.
Оваа тажна вест ја потврди нејзиниот претставник за медиуми.
– Не болат срцата поради трагичната и бесмислената смрт на Лиза. Таа беше жена со голем дух, љубезна и дарежлива и посветена на работата, или на сцената или пред камерата, а уште повеќе на нејзиниот сопруг, семејството и пријателите. Бевме среќни што ја имавме во нашите животи – рече нејзиниот претставник за медиуми.