вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Тој е најдобриот фудбалер во историјата на Турција, а протеран од татковината: Можеше да биде министер, а сега е келнер

Тој е најдобриот фудбалер во историјата на Турција, а протеран од татковината: Можеше да биде министер, а сега е келнер

Овде е се различно, Леброн говори против претседателот… Тоа е важно за слободата на луѓето. Ми велат дека можеби можам да се вратам ако молчам, но тоа не е фер, вели Хакан Шукур.

Хакан Шукур е можеби најдобриот турски фудбалер на сите времиња, но веќе со години поради политика не живее во својата татковина. Шукур е најдобар стрелец во историјата на турската репрезентација, а во кариерата остави длабока трага играјќи за Галатасарај, Торино, Интер… Во своето прво интервју откако ја напушти Турција во 2015 година, Шукур откри со што се занимава денес и што би било различно доколку не се противел на моменталниот политички врв во Турција.

Проблемите за него почнаа уште после фудбалската пензија во 2008 година кога Реџеп Тајип Ердоган го наговори да се приклучи во неговата партија за правда и развој. Шукур потоа беше избран за пратеник во турскиот Парламент, но после корупциската афера во партијата, само две години откако пристапи одлучи да се откаже од должноста.

Шукур потоа се приклучи кон партијата на Фетулах Ѓулен, Ердоган го стави на црна листа, а Ѓулен го обвини за обид за државен удар во 2016 година, во кој загинаа повеќе од 250 луѓе, а повеќе од 60 илјади беа затворени. Една година пред споменатиот пуч, Шукур со сопругата и децата успеа да емигрира во САД, но во татковината му остана поголемиот дел од семејството, а неговиот татко дури и помина една година во затвор поради обвинение дека помагал за државен удар. Издаден беше налог и за апсење на славниот фудбалер, целиот имот во татковината му е запленет, а сметките блокирани.

Во САД морал да започне нов живот, а својата друга кариера ја пронашол во угостителството. Косопственик е во еден ресторан во гратчето Пало Алто во Калифорнија, а гостите секојдневно и сам ги послужува.

-Би живеел многу добар живот и би станал министер ако ја прифатев таквата игра и да го правев она што го бараа од мене. Но, еве сега продавам кафе, вели Шукур во разговор за „New York Times“.

Во САД луѓето не го препознаваат.

-Турција е мојата сакана земја. Ги сакам своите луѓе, иако поради контролираните медиуми сликата за мене е изобличена. Може ќе посетиме Турција во иднина. Нема секогаш да биде мрак. Верувам дека еден светлото ќе се врати. Темнината не трае вечно, вели турската легенда.

-А овде е различно. Гледате и сами како Леброн Џејмс говори против претседателот… Тоа е важно, важно за слободата на луѓето. Овде може да кажете што и да сакате. Илјадници луѓе живеат во таква ситуација. Не можам да бидам толку себичен и да мислам само на себе, да се борам само за своето добро. Не би се почитувал ниту себе, ниту својата личност дека сум таков, заклучува Шукур, кого Ердоган минатата година го „избриша“ од историјата на репрезентацијата.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган нареди да се избрише неговото име, неговата статистика и достигнувања. Но, секако не можеше и не може да го избрише од сеќавањата на фановите, кои неговите голови и успеси постигнати како со турската репрезентација, со клубот Галатасарај и останатите клубови ќе ги паметат секогаш.

Најнови вести