Пејачката Елма синановиќ неодамна во својата болна исповест исполнета со солзи раскажала за својот живот со покојниот сопруг Смаил Синановиќ кој почина пред две години.
Пејачката раскажала дека преку сопругот започнала да се занимава со музика, па откри и дека тој и бил голема поддршка.
View this post on Instagram
-Преку мојот сопруг започнав да се занимавам со музика. Никогаш не сум пеела, ме викаа само кога ќе се случи некој настан во градот. Не сум пеела никогаш претходно ниту по кафеани, имав 19 години, а 26 бевме во брак, па подолго бев кај него отколку кај моите родители, раскажа таа.
Таа додаде дека тој сакал да успее таа како жена и дека бил одличен маж.
View this post on Instagram
-Имав голема слобода, на тој начин на кој ние функциониравме… тој ми беше се, тешко ми е кога зборувам за него и никогаш не се каам што се омажив рано, вели Елма.
Таа вели дека најтешка година и била 2019 откако го загубила сопругот и дека исплакала море солзи по него.
-Се навикнува човек на се, тој беше многу болен и ние знаевме што ќе се случи. Јас се направив за него и семејството кое најмногу го сакам. Бев секогаш до него, а многу работи не стигнав да му ги кажам, не можам да зборувам за тоа, не можам… мораме да ја менуваме темата, заклучи пејачката.
View this post on Instagram