Ар-ен-би пејачката Бијонсе и раперот Џеј Зи, на отворањето на новата заедничка турнеја, објавија дека ги обновиле своите брачни завети, повторно застанувајќи пред олтар.
Тие вчера одржаа концерт во Принсипалити стадионот во Кардиф, Велс, Велика Британија. Најважната вест ја соопштија со нивна „венчална фотографија“ во позадина, кајшто и двајцата се во бело, но е очигледно дека сликата не е од нивната венчавка од 2008 година.
Двојката мина низ тешки периоди последниве неколку години, по гласините дека раперот ја изневерува Бијонсе, по што имаше и инцидент со сестрата на Бијонсе Соланж, во 2014 година. Во јавноста тогаш излезе снимка на која таа го напаѓа својот зет.
Сега, се чини, сето тоа е минато, и естрадната двојка повторно се среќни заедно.