Актерот Том Круз е познат по тоа што има возбудлив приватен живот. Актерот зад себе има дури три брака, а последниот со колешката Кејти Холмс предизвика големи полемики.
Имено, парот се развел во 2012 година, кога нивната ќерка Сури имала шест години. Оттогаш, Том ги прекина сите контакти со наследничката. Причината поради која Кејти и Том раскинаа беше затоа што тој беше премногу вклучен во скиентологијата и таа не можеше да се прилагоди на тоа. Од слични причини заврши и неговиот брак со Никол Кидман.
Откако официјално се разделија, Том никогаш повеќе не беше виден во јавноста со својата ќерка Сури. Познато е дека тој не го добил старателството, а разводот бил завршен за 11 дена, што било сосема невообичаено.
Иако, според судската одлука, имал можност да се гледа со својата ќерка 10 дена во месецот, тој одбил. Причината е истата скиентологија – неговата ќерка не е во неа, па не смее да одржува контакт со неа. Единственото нешто до кое наводно се придржува е алиментацијата – 33.000 долари месечно.
Сури живее со мајка си во Њујорк и се труди да води живот како сите нејзини врсници, но овде-онде често е на мета на папараците.