Претседателот на кошаркарската федерација на Макединија, Перо Антиќ, е меѓу оние корисници на социјалните мрежи кои се постојано присутни.
Антиќ е горд татко на три сина, па токму тие се оние што најчесто ги снима и објавува пред следбениците на социјалната мрежа. Меѓутоа, Перо практикува да се забавува на Инстаграм и да им остава коментари на своите пријатели.
Еден од нив е и фудбалетот и пријател на Перо, Душко Тошиќ.
Откако избувна скандалот со Јелена Карлеуша, Душко се дистанцираше од социјалните мрежи, па неговите објави се реткост.
Деновиве изненади со една нова фотографија од Инстамбул каде е професионално ангажиран, а на истата позира како модел. Згоден и шармантен во класично издание и заземена поза за фотографија.
Перо беше првиот кој му остави коментар со мала иронија:
View this post on Instagram
„Спонтана фотографија, така ли Душко Тошиќ?“ – пишува Перо, на што Душко како и секогаш остана резервиран за одговор што е негов стил, но веројатно дискустијата меѓу нив продолжила приватно.
Инаку, Перо Антиќ и Душко Тошиќ се добри пријатели, а во секоја прилика и згодно време тие не пропуштаат заедничка пријателско- спортска дружба.