Кејтли Џенер остана без својата вила во Малибу, откако страшниот пожар кој ја зафати Калифорнија ја проголта нејзината вила.
Поради пожарот се иселија и евакуираа 200 илјади луѓе, а таткото на Ким Кардашијан кој со промената на полот веќе е жена успеал да се евакуира од вилата со својата девојка и кучињата.
Кејтли вилата ја поседува од 2015 година, а пожарот не е првата природна катастрофа која ја имала вилата.
Имено во 2016-та година од силен ветар се срушил дел од кровот со големина колку четири спални соби, пишуваат светските медиуми.
Вилата има 3.500 квадратни метри, а Кејтли во 2015-та година ја купила за 3 милиони 575 долари.
По пожарот таа се огласи на Инстаграм преку видео порака до фановите.
-Ние сме на сигурно, во сигурна куќа. Не знам дали куќата успеа да се извлече или не… Се е во воздух, вели Кејтли.
Инаку вилата ја напушти и Ким Кардашијан како и нејзините сестри Клои и Кортни, медиумите пишуваат и во детали дека вилата на Ким и Кајне чини вртоглави 20 милиони долари.