понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„УМРЕ СЛЕДНИОТ ДЕН“: Рада Манојловиќ ронеше солзи откривајќи што ѝ кажала мајка ѝ пред смртта

„УМРЕ СЛЕДНИОТ ДЕН“: Рада Манојловиќ ронеше солзи откривајќи што ѝ кажала мајка ѝ пред смртта

Рада Манојловиќ за време на гостувањето во една емисија се потсети на најголемата загуба во животот – смртта на мајка си. Нејзиното прерано заминување оставило трага на целото семејство на популарната пејачка.

Последните моменти ги поминаа држејќи се за рака, а до денес памети колку се скршила и плачела пред да ја однесе во болницата, каде што починала.

Никогаш не верував во тие прогнози, но морам да ви кажам, кога ми рекоа дека ќе живее уште еден месец, 30 дена живееше – истакна таа, а потоа додаде:

Бев со неа до самиот крај, ѝ ја држев раката … Се сеќавам на ноќта пред да ја носиме во болницата, следниот ден таа умре… Почнав да плачам како пороен дожд, а таа ме прашува без ниедна солза: „Зошто плачеш?“, а јас ѝ велам: „Затоа што не поминав повеќе време со тебе“, кажа Рада, и се расплака.

Најнови вести