петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Уште една трагедија во семејството: Поранешната снаа на загинатиот пејач и балкански миленик со шест куршуми ќе го убиела љубовникот

Уште една трагедија во семејството: Поранешната снаа на загинатиот пејач и балкански миленик со шест куршуми ќе го убиела љубовникот
фото илустрција

Еден од најпопуларните пејачи со блескава иднина Дарко Радовановиќ загина на 11 јуни 2011 година во тешка сообраќајна несреќа во Србија, а ова не е единствената семејна трагедија која му се има случено на семејството.

Имено поранешната снаа на пејачот А. Радовановиќ од Обреновац минатата година е уапсена поради обид за убиство на невенчаниот сопруг А.Ј.

А. Радовановиќ по повеќе годишно малтретирање од својот сопруг му испукала неколку куршуми, а потоа сама се пријавила во полиција. Како што на големо пренесуваат српските медиуми овие денови, таа скоро една деценија трпела семејно насилство, по што земала пиштол кој го поседувала нејзината золва и му испукала по два куршума во градите, стомакот и еден во задникот.

Кобниот настан се случил за време на свадба на еден роднина на поранешната снаа на пејачот Дарко Радовановиќ, а откако се напил нејзиниот невенчан сопруг започнале да се караат и откако физички ја нападнал, таа го земала пиштолот и му возвратила.

Инаку поранешната снаа на пејачот беше во брак со неговиот брат и има две деца со него, но иако се разведе таа го задржа неговото презиме.

Најнови вести