среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вака Богдан го поминува времето после раскинувањето со Цеца: Не се одвојува од неговата најсакана (ФОТО)

Вака Богдан го поминува времето после раскинувањето со Цеца: Не се одвојува од неговата најсакана (ФОТО)

Светлана Цеца Ражњатовиќ и Богдан Срејовиќ ја прекинаа романтичната врската после една убава, цела година.

Двајцата решиле да стават крај на романсата, а за причините решиле да не зборат. И додека атрактивнта пејачка со денови со пријателите ужива на Малдивите, Богдан времето го поминува на Златибор.

Богдан не се огласи по повод разделбата, но на својот Инстаграм профил објави фотографија со својата ќерка која ја доби со манекенката Зорана Зорана Тасовац.

Веднаш после тоа објави и видео додека шетаат, а за тоа цело време не ја симнуваа насмевката од своите лица. Без сомневање во моментов најмногу му годи времето поминато со својата ќерка.

Кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека балканската музичка ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска.

Оваа врска започнала непосредно порано, но поради честите заеднички настапи со пријателите низ градот стана забележлива. Во претходниот период Светлана и Богдан поминуваа многу време заедно, а одредени моменти од љубовната приказна покажаа на социјалните мрежи. Се стекна впечаток на севкупна хармонија, како и семејни блиски односи на двете страни. Тоа беше причината да не изненади информацијата дека е ставен крај на оваа точка, што српски Телеграф ја дозна од извор близок на оваа двојка, а подоцна и од самите тие кои не сакаа да даваат изјави и да кажат ништо поконкретно за оваа тема.

Она во што беа едногласни беше:

– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот, се наведува во заедничкото соопштение.

Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен. Во ниту еден детал нема простор за сензационализам, бидејќи ниту раскинувањето не е бурно, ниту трето лице е вмешано, но двете страни сфатија дека емоциите избледеа.

Најнови вести