Еден од асистентите за победничкиот гол на Горан Пандев, Илија Несторовски, вчера ја израдува целата земја, но очигледно најмногу неговите две дечиња.
Станува збор за ќеркичката и синот кој сопругата ги снимаше во домот додека пред телевизорот се радуваат гледајќи го својот татко кој се пласираше за прв пат на Европското првенство во фудбал.
Видео снимката веднаш тој ја презеде на својот Инстаграм профил со што покажа дека и во овие моменти на среќа „најслаб“ е на детската љубов и радост од своите најсакани.
Инаку нашиот репрезентативец никако не ја крие од јавноста ниту сопругата Мартина која исто така му е голема поддршка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram