вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вчера во кафеана беше убиена босанската пејачка, а денес се огласи до сите: Еве како што гледате жива сум (ФОТО)

Вчера во кафеана беше убиена босанската пејачка, а денес се огласи до сите: Еве како што гледате жива сум (ФОТО)

Регионот вчера беше потресен по веста дека во кафеана во Сараево вчера рано утрото била убиена пејачката Елма Ганиќ попозната како Елма Милано.

Полицијата во Сараево вчера веднаш приведоа две лица кои се можни убијци на женското лице кое било застрелано пред кафеаната.

Од полицијата веднаш потврдиле дека станува збор за женско лице родено 1994-та година, а по убиството започнаа шпекулации дека станува збор за пејачката Елма.

Бројни босански портали објавија дека пејачката е убиена од страна на своето момче, но по ова следуваа и информации дека станува збор за лажна вест.

По сето ова пејачката Елма се обратила до редакцијата на Хајат барајќи веста да биде демантирана бидејќи не станува збор за неа.

-Од изутрина телефоните на мене и моето семејство не престануваат да ѕвонат. Сите се видно вознемирени. Таква лажна вест која се појави ни направи бројни проблеми. Сите се вознемирени и не знаат што се случува. Од сите што објавија ќе барам да ја демантираат оваа вест, бидејќи еве како што гледате никој не пукаше во мене, изјавила вознемирената пејачка.

Најнови вести