Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по веста за трагичната смрт на актерот Славиша Кајевски (39).
-Каков удар сине, монструозен и подмолен шок. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу…одмори се и поздрави ги другарите, пишува Весна на Фејсбук.
Кајевски беше актер во Македонскиот народен театар. Комеморацијата е утре во МНТ во 10 часот, а погребот е во 12 часот, во капелата Ѓорче Петров.