петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Весна Вејби со емотивна порака: Децата да не молчат за насилство

Весна Вејби со емотивна порака: Децата да не молчат за насилство

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ синоќа се одржа 23-то издание на „Златна Бубамара“ на кое присуствуваа голем број на јавни личности од светот на музиката, спортот, глумата, политиката….

Актерот Сашко Коцев како домаќин на „Златна Бубамара“ доминираше на сцената со својот шеговиот говор и ја насмеа публиката во салата.

Тамара Тодевска доминираше со својот глас кога ја отпеја „Proud“ и доби две награди: пејачка на годината и хит на годината.

Меѓутоа, актерката Весна Бејби Петрушевска која доби награда за најпопуларна детска серија „Дајте музика“ на публиката во салата се обрати со емотивна порака.

“Се случува голмо насилство меѓу децата. Научете се да ги слушнете вашите деца, и мотивирајте ги да ви кажат ако се жртви на насилство. Тоа не смее да се премолчи” ,порача актерката“, пренесува Женски магазин.

По тој повод и самата Весна на својот Фејбук објави видео од колаж со фотографии, а во описот напиша:

„Веројатно она за што вреди да создаваш,да сонуваш заедно со децата, да не заспие никогаш детето во мене…во тебе…во сите нас…најголема вистина на овој свет е дека децата се најдобрата верзија на човекот….денес бев на некое друго место…сите тие насмевки и желба да бидат подобри, најдобри..“

Најнови вести