Пејачката Весна Змијанац напишала тестамент. Како што пренесуваат српските медиуми таа неодамна се сретнала со својот адвокат за да го подели наследството кое вклучува четири стана, куќа, два автомобили и „дебела“ банкарска сметка.
На внуките Реа (6) и Хана (1) им оставила по еден стан во Белград, но дел од наследството има и за ќерката Николија.
-Парите кои ги заработуваше во текот на кариерата, Весна ги вложуваше во недвижнини. Сопственик е на три стана во Белград, еден во Атина и куќа. За се да биде поделено според нејзина желба, таа се сретна со адвокат и напиша тестамент. Се што има им остави на ќерката, внуките и зетот, вели добро информира извор.
Пејачката живее во еден стан во Белград, додека другите два ги издава.
-Станот во кој живее и го препиша на ќерката Николија. Тој е најголем и на најдобра локација. Го плати околу 400.000 евра. Другите два исто се во Белград, помали се, но луксузно опремени. Им ги остави на внуките, на секоја по еден. На Николија и припадна и станот во Атина во кој живееше за време на студиите во Грција, открива изворот.
Можеби звучи за многумина неверојатно, но во тестаментот Весна го вклучија и зетот Реља Поповиќ кого го гледа како син.
-Многу се зближија изминативе години. Тој и помага околу куќата, па Весна ќе му зготви ручек, ќе седнат и разговараат, го средуваат дворот. Никоја и тој ќе ја делат куќата и имотот, но и автомобилите. Парите ќе им припаднат на двајцата. За колкав износ се работи не знае никој, таа вешто го крие тоа, додава изворот.