четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЗАТВОРЕНА ВО ОГРОМНО ЗДАНИЕ ВО КОЕ ЖИВЕЕ САМА: Еве како оздравува Весна Змијанац по тешката операција, ретко кој има ваков голем двор (ВИДЕО)

ЗАТВОРЕНА ВО ОГРОМНО ЗДАНИЕ ВО КОЕ ЖИВЕЕ САМА: Еве како оздравува Весна Змијанац по тешката операција, ретко кој има ваков голем двор (ВИДЕО)

Српската пејачка и југословенска легенда Весна Змијанац (66) неодамна имаше тешка операција на срцето, а сега е уловена на својот имот на еден час од Белград.

Имено екипата на „Папарацо лов“ ја снимала пејачката додека се грижи за своите цвеќиња во дворот, но и си игра со мачката во тревата и околу куќата.

Пејачката била потполно во домашно издание со тренерки на себе, а косата и била собрана.

Таа неодамна откри дека сака да настапува и дека и недостига публиката.

-Малку е рано да се зборува за целосно опоравување и оздравување, малку сум немирна и се јуначам, бидејќи место не ме држи дома, таква сум по природа. Ми недостига публиката, никогаш во животот сум немала волкава пауза, да не пеам шест месеци никогаш не ми се случило за пола век пеење. Не се во прашање парите, туку ми недостасува микрофонот. Уште месец или два доколку правев пауза немаше да биде добро, мислам дека би полудела, изјави неодамна Весна.

Најнови вести