Холивудскиот актер Алек Болдвин првпат пред камерите зборуваше за пукањето кое се случи при снимањето на филмот „Rust“ кога смртно застрелана е директорката на фотографија, Халина Хачинс.
-Беше мој пријател, изјавил Болдвин пред новинарите кое го следеле во американскиот град Манчестер каде престојува со семејството по трагедијата.
Нагласил дека смее да зборува за деталите, но дека постојано е во контакт со сопругата и синот на Хачинс.
-Не ми е дозволено да давам никакви коментари бидејќи истрагата е во тек, истакна Болдвин.
Додал дека се видел со сопругот и синот на Хачинс по несреќата.
-Од време на време се случуваат несреќи на снимања, но ништо слично на ова, вели Болдвин.