четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Артур ја „меркаше“ атрактивната презентерка на Фиорентина и стана хит на социјалните мрежи

ВИДЕО: Артур ја „меркаше“ атрактивната презентерка на Фиорентина и стана хит на социјалните мрежи

Артур Кабрал потпиша за Фиорентина на крајот од зимскиот преоден рок и за 15 милиони евра беше доведен од Базел како директна замена за Душан Влаховиќ, а иако минаа речиси две седмици од неговата промоција на „Артемио Франки“, едно видео сега посебно се актуелизираше во изминатите 24 часа.

Бразилецот кој има 23 години доби сериозна шанса да се докажа на највисока сцена во Серија А, но во ситуација кога се уште не го постигна својот премиерен гол за дресот на Фиорентина, вистински хит стана реакцијата на атрактивната презентерка.

Росела Петрилјо веќе подолго време е заштитно лице на официјлната клупска телевизија на Фиорентина и таа е дел од секоја прес-конференција, а сега со својата убавина, успеа да го импресионира Бразилецот.

На видеото убаво се гледа дека Кабрал во еден момент подзина додека ја гледаше атрактивната Росела, а неговата реакција наиде на доста различни коментари во јавноста во Италија.

Најнови вести