среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Бен Афлек бесно ја треска вратата, за новата снимка со Џеј Ло сите зборуваат

ВИДЕО: Бен Афлек бесно ја треска вратата, за новата снимка со Џеј Ло сите зборуваат

На Твитер се појави видео од Џенифер Лопез и Бен Афлек кое предизвика многу реакции, а обожавателите се прашуваат дали повторно се скарале или актерот само им се лути на папараците.

Џенифер Лопез и Бен Афлек ги воодушевија обожавателите ширум светот кога се смирија по дваесет години, а се венчаа минатата година.

После толку време сфатија дека се еден за друг, а нивното појавување во јавноста оттогаш не може да помине незабележано.

Откако во средата изгледаа многу сериозни на црвениот тепих на премиерата на нејзиниот нов филм „The Mother“, а потоа беа фатени во сериозен разговор, на социјалните мрежи се појави видео за кое голем број веруваат дека повторно се скарале. Додека едни тврдат дека имаат „неволја во рајот“, други веруваат дека Бен само им бил лут на папараците кои во тој момент ги чекале и снимале.

На видеото кое го запали интернетот, се гледа како Бен ја удира вратата од автомобилот откако на Џенифер кавалерски и ја отвори за да влезе. Реакциите се разни и многубројни, а на крајот е снимено како Афлек луто гледа во камерата.

Најнови вести