Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ, игра уште една одлична сезона во дресот на Далас Маверикс, а по победата над Бостон од 95:92 следеше невиден шок на прес-конференцијата.
Имено, Лука додека даваше изјава за медиумите по натпреварот во кој постигна 26 поени, 8 скокови и 8 асистенции во еден момент му заѕвони мобилниот. Она што многумина ги зачуди е мелодијата од српската фолк ѕвезда Дара Бубамара. Лука веднаш реагираше и го исклучи телефонот и се извини.
Познато е дека Лука е голем фан на песните од балканот, па така со својот соиграч Бобан Маријановиќ често знаат да направат добра забава.