вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: На натпревар на кој бил Пике пуштена песната на Шакира, еве како реагираше

ВИДЕО: На натпревар на кој бил Пике пуштена песната на Шакира, еве како реагираше

Шакира и Пике денеска слават роденден. Таа полни 46 години, а тој 36.

И додека сите нетрпеливо чекаат да дознаат дали Шакира навистина му подготвила уште една одмаздничка песна на својот поранешен љубовник како роденденски подарок во дует со сонародничката Карол Џи, видео од славниот фудбалер на трибините, видно засрамен, како ја слуша песната „Out of your league“ кружи на интернет.

Во песната Шакира индиректно упатува навреди и критики кон него.

Сите погледи на присутните на натпревар на НБА, каде што беше снимено видеото, во тој момент беа вперени во Пике, луѓето пееја на цел глас, го исвиркуваа фудбалерот, му се смееја, а тој пиеше пијалок и се обидуваше да сокрие колку му е непријатно, но не успеа.

Јавноста воглавно е на страната на пејачката.

Најнови вести