Американскиот актер Орландо Блум ги изненади сите кога се реши да проговори за времето кое го поминал со Кејт Бланшет за време на снимањето на филмовите „Господар на прстените“.
Орландо Блум и Кејт Бланшет се сретнаа на снимањето на филмот „Господар на прстените“ во 1999. година, кога неговата кариера одеше во нагорна линија.
Двајцата секојдневно снимаа сцени во Нов Зеланд, а актерот во емисијата „The late late show# откри дека многу му се допаѓала Бланшет.
-Не можам да мислам… Толку многу се вљубив. Ти беше мојата најголема симпатија, рече Орландо, додека Бланшет остана затекната од ова признание.
-Не те препознав, зашто првиот пат кога те видов имаше коса како Фабио Ланцони (познат италијански манекен). И тогаш те видов и се прашав кое е ова слатко момче од актерска школа? Не собрав два со два…, објасни Кејт.
Блум потоа додаде дека постојано ја прател со поглед и ја шпионирал од другата страна на собата.
Иако е јасно дека некогаш еден на друг си се допаѓале, Орландо и Кејт се дружат веќе 18 години, а Блум е во врска со пејачката Кети Пери. Во меѓувреме, Кејт се омажи за австралискиот драмски писател Ендру Аптон со кој има четири деца.