вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВИДЕО: Силни емоции и солзи радосници – Први снимки од Луна Џогани и бебето, Марко откри на кого личи ќерката

ВИДЕО: Силни емоции и солзи радосници – Први снимки од Луна Џогани и бебето, Марко откри на кого личи ќерката

Луна Џогани и Марко Миљковиќ пред два дена станаа родители по втор пат. Парот ја доби втората ќерка на која и го дадоа името Лана.

На својот ЈутЈуб канал, тие објавија видео преку кое ги споделија своите интимни моменти. Открија како се подготвувале утрината пред Луна да замине во болница на породување, но и како Марко го поминувал времето додека чекал да му се јават и да му ја соопштат среќната вест.

Бура емоции и солзи радосници следуваа кога Марко отишол да ги посети сопругата и бебето во болница, каде првпат ја видел својата ќерка. Токму во тој момент, тој открива и на кого личи малата Лана.

-Око, тоа е Луна. Тоа е Џогани. Не е Миљковиќ, се пошегувал Марко, алудирајќи на тоа дека малата е пресликана на мајка си.

Парот ја има двегодишната ќерка Миа, за која уште пред да се роди Луна и Марко велеа дека е копија на својот татко.

Најнови вести