Српската старлета Сораја пред неколку дена била избркана од скопски локал, пишуваат српските медиуми.
Според наводите, старлетата во локалот била во придружба на маж. Во еден момент сопственикот на кафулето им пришол да ги поздрави, бидејќи првпат биле во неговиот локал, но Сораја и мажот дрско му возвратиле.
Кратко потоа до нивната маса дошол келнер кој ги замолил да го напуштат локалот и да ја платат сметката. Сораја, наводно негодувала велејќи дека таа сметки не плаќа, но мажот со кој била уредно платил, по што двајцата си заминале.
Додека излегувале од локалот кон нив било дофрлувано од страна на останатите присутни. Според коментарите на социјалните мрежи, старлетата излегла од кафулето со насмевка наметнувајќи ја својата бунда, но надвор почнала да вика и да изговара пцовки.
Став бил побаран и од Сораја која ги демантира ваквите пишувања.
-Не се случи ништо од тоа, не дојде до никакво напуштање на локалот како на пример „исфрлување“. Бев во друштво со пријател од Србија, поголемо друштво, а не со момче. Сопственикот пријде да не угости, но откако сфати дека гостите се од Србија, кажа многу непријатна работа, а тоа е дека Србите не се добредојдени кај него во локалот бидејќи сите тие се Албанци, го цитирам него. Штом го слушнав тоа мирно му кажав на друштвото дека не сакам да седам некаде каде моето друштво не е посакувано, а најмалку што сакам се националистични испади од било кого бидејќи патувам по целиот свет и никогаш ништо слично не дум слушнала ниту доживеала, тврди Сораја.
Сепак таа не ја негира веродостојноста на снимката (може да ја погледнете тука), но вели дека наводните детали се плод на бујна фантазија.