Пред пет месеци водителката Деа Ѓурѓевиќ доживеа страшна несреќа кога на неа налета автобус и ѝ ја откина раката. По неколку тешки операции, Ѓурѓевиќ се врати на работа.
Викендов водителката го славеше својот 28-ми роденден, а само неколку дена претходно и беа пресадени нерви за повредената рака.
Инкау, интересно е што на нејзиниот роденден бил и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ кој заедно со Деа го отпеале познатиот дует на Весна Змијанац и Дино Мерлин, „Кад замиришу јорговани“.